СЗО зависноста од видео игри ја класифицираше како БОЛЕСТ

Светската здравствена организација (СЗО) денеска гласаше за усвојување на Меѓународната класификација на болести и сродни здравствени проблеми (МКБ-11), со што СЗО во класификацијата додаде и нова ставка односно болест “нарушување предизвикано од видео игри” (gaming disorder).

Нарушувањето предизвикано од видео игрите од денеска е дел од нарушувањата предизвикани од зависности каде што припаѓа и зависноста од коцкање. Светската здравствена организација уште во јуни ја препозна зависноста од видео игри како болест, но со денешното гласање и официјално е усвоена како болест односно нарушување според МКБ-11 класификацијата.

Ваквото нарушување предизвикано од зависност од игри се карактеризира со модел на постојано или повторливо “играчко однесување”  кое вклучува дигитални/компјутерски игри или видео-игри, кои можат да бидат онлајн (т.е. преку интернет) или офлајн, и ваквото нарушување се манифестира со:

  • нарушена контрола врз играњето на погоре наведените типови на игри
  • зголемување на приоритетот кој се дава на игрите до степен до кој истиот има предност пред другите животни интереси и секојдневни активности; и
  • продолжување или ескалација во играњето на игрите, и покрај појавата на негативни последици. Моделот на ваквото однесување е доволен за сериозно оштетување во личните, семејните, социјалните, образовните, професионалните или други важни области на функционирање на индивидуата.

Моделот на т.н “играчко однесување” може да биде континуиран или епизоден. Играчкото однесување и другите карактеристики вообичаено се евидентираат во период од најмалку 12 месеци со цел да се постави дијагнозата, иако овој период  може да се скрати ако се исполнети сите дијагностички барања и симптомите се сериозни.

Тука може да го погледнете официјалното внесување на нарушувањето предизвикано од видео игрите во МКВ-11  линк

 

Pin It on Pinterest