За нас
Кон почетокот на 2017 година Здружението за дислексија АЈНШТАЈН ја започна иницијативата „Хоп хоп остави телефон и лаптоп“ чија што цел е подигнување на свеста за влијанието на современите технологии врз развојот на децата. Идејата за формирање на оваа иницијатива произлезе од се поголемиот замав кој го земаат современите технологии во секојденвното функционирање на граѓаните особено во животот на децата. Сите сме сведоци дека децата се почесто своето слободно време го поминуваат пред телефон или таблет, наместо да ги исполнат основните услови за здрав детски развој како што се престој во природа.
Влијанието на брзо напредната технологија врз развојот на децата, бележи големи нарушувања во однос на когнитивните, комуникациските, социјалните функции, моторната активност и однесувањето на детето. Последиците од овие нарушувања се согледуваат во здравствениот, образовниот систем, аутистичен спектар нарушувања, дислексија, доцнење во развојот, задоцнет говор, анксиозност, депресија и нарушување на сонот. Свеста кај населението за штетните последици од прекумерното користење на технологиите врз развојот на децата е на многу ниско ниво. Имајќи ги предвид сите наведени последици сметаме дека е потребно да се согледаат ризик факторите и да се едуцираат родителите како да изготват стратегии за здраво детство без прекумерна употреба на технологии.