Дали телефоните се новата “дрога” за тинејџерите?

Се помал е бројот на тинејџери кои би пробале или редовно би консумирале дрога. Ваквиот тренд ги поттикнал истражувачите да го разгледата прашањето дали тинејџерот можеби помалку користи наркотици затоа што се забавува преку компјутери и телефони.

 

фото извор: Profimedia

Научниците велат дека интерактивните медиуми предизвикуваат слични импулси како и експериментирањето со дрога, што значи дека тинејџерите можат да бидат „хај“ и кога играат игри на компјутер. 

Статистиката покажува деценија на менување на навиките. 

Во 2015 година, 9,6 проценти од младите на возраст од 12 до 17 години се изјасниле дека во претходниот месец консумирале алкохол, додека тој процент во 2005 година изнесувал 16,5., според Американската администрација за злоупотреба на супстанци и ментално здравје. Анкетата покажала и мали, но статистички значаен пад на консумирањето кокаин кај младите на возраст од 12 до 17 години. 

Употребата на марихуана е на слично ниво: 2015 година 7 проценти од младите на возраст од 12 до 17 години изјавил дека пушат марихуана, што е речиси иста бројка како и во 2005, но е помалку од 8,2 проценти во 2002. 

Истовремено, технолошките уреди се повеќе се користат во слободно време кај младите лица. Според спроведена анкета во 2015 година, Американците на возраст од 13 до 18 години во просек на дневно ниво поминуваат шест и пол часа пред компјутер, ги посетуваат социјалните мрежи и играат видео игри. 

Оваа статија е преземена од порталот fakulteti.mk, и истата може да ја погледнете тука

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest