Празни детски игралишта низ Скопје: Дали проблемот лежи во напредната технологија или во родителите

-На оваа иста локација живеам повеќе од 50 години. Тука речиси пораснав јас, пораснаа и моите деца, еве сега е ред на моите внуци. Огромен парк, голем паркинг, и уште поголемо игралиште има во близната на мојата зграда. За момент ќе помислиш дека се е исто како пред многу години, но веднаш чувствуваш дека разликата всушност е многу голема. Огромна. Дете ниту за лек, а речиси во секој стан има барем по едно. Паркот празен. Игралиштето празно. Клупите празни, а огромниот паркинг кој некогаш беше полн до деца, со млади и стари, денеска е полн со автомобили, вака ја почнува својата приказна чичко Цане од Скопје.

Во минатото на паркингот имаше само по некој автомобил и тоа паркиран во некој агол, за да може да не им пречи на децата додека се играат. Деца имаше од секоја возраст. Од најмали, мајки со колички до најголеми, кои тука ја почнуваа својата љубов. Паркот зад зградата се уште е истиот. И сега е убав, иако има помалку дрвја од порано. Го обновија и детското катче, има лулашки, клацкалки, куќички, но залудно нема деца. По некое дете ќе видиш од тераса и тоа само за кратко. Игралиштето големо. Некогаш тука се играа големи натпревари. Прв влез со втор влез и т.н. Зелена зграда, со сина… Денеска истиот е запуштен. Трева висока како мене и градежен шут. Тоа е она што преовладува. Деца има речиси во секој стан. Но внатре се. Пред телефони, телевизори, таблети и компјутери. Ја нема онаа галама од детски гласови, за која тогаш велевме дека е многу, дека децата се бучни и дека не можеме да се одмориме од нив. Денеска тоа недостасува. Денеска ја сакаме таа галама, сега сфаќаме колку било убаво тогаш, колку било поинакво.

Во последните неколку години енормно е зголемен бројот на деца кои имаат тешки нарушувања во говорно јазичниот развој. Според дефектолозите главен виновник за ова е модерниот начин на живот, каде децата слободното време наместо во игра и дружење го поминуваат единствено пред комјутер, на мобилен телефон или во гледање на телевизија.

-Поради намаленото движење на децата центрите во мозокот се помалку се развиваат, а тоа придонесува и за проблемите во говорот, бидејќи движењето е најмногу поврзано со говорот, велат дефектолозите.

Статијата е преземена од порталот okrabota.mk

Pin It on Pinterest