Нова алатка на google против зависноста од паметните телефони

Во повеќе наврати пишувавме за тоа колку паметните телефони ни го “узурпираат” секојдневното функционирање. Повеќе истражувања упатуваат на фактот просечниот човек во период од 24 часа, речиси 5 часа ги поминува пред екранот на својот мобилен телефон. Се поголем е бројот на лица кои страдаат од номофобијата состојба на претерана грижа за својот мобилен телефон. Оваа  не познава генерации и додека во светот сè поголем е бројот на луѓе кои не знаат какво е детството без пристап до интернет и технологија, денеска мобилните ги користат сите возрасти еднакво, како за работа и полесна комуникација така и за забава, фотографирање и организирање на секојдневниот живот.

Од компанијата Google се свесни за најновите трендови и штетни последици од прекумерната употреба на мобилните телефони. Токму за таа цел компанијата лансираше алатка преку која се надеваат дека ќе успеат до одредена мера да ја намалат зависноста на своите корисници од мобилните телефони. Алатката е наречена Focus mode и за сега е достапна за Android Beta, а наскоро ќе биде достапна и за Android 10. Идејата на Google  е со вклучениот Focus Mode, да се блокираат сите апликации што им пречат на корисниците, кои истите  може сами да ги избираат.

Pin It on Pinterest