Трамп: Видео игрите се делумно виновни за масовните престрелки

Видео игрите се делумно виновни за масовните престрелки, изјави Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп.

Играњето на видео игрите кои содржат насилство би требало да се ограничи, а нивното купување треба да се отежни, предложи Претседателот.

“Ние мораме да ја запреме ескалацијата на насилството во нашето општество” изјави тој за време на својот говор по повод неодамнешните престрелки во САД.

“Денес е премногу лесно младите проблематични луѓе да бидат постојано опкружени со култура во која што се возвишува насилството. Ние мора тоа да го запреме или значително да го намалиме, и тоа треба да започне веднаш”

Претседателот не даде детали за тоа какви конкретни чекори ќе се преземат, ниту пак кога ваквата иницијатива би започнала.

Во саботата, беа убиени 20 луѓе во продавницата на Вол Март во Ел Пасо Тексас, а еден час подоцна наоружано лице уби 9 лица во Охајо.

Изјавите на Претседателот доаѓаат по повод престрелките во кои 29 лица го загубија животот изминатиот викенд. Тој исто така го обвини и интернетот дека се повеќе ги радикализира насилните напади.

Никогаш досега не е докажана никаква поврзаност помеѓу насилните видео игри и насилното однесување, а поврзаноста помеѓу овие две појави продолжува да се дебатира помеѓу експертската и академската заедница.

На пример, во февруари, една студија докажа дека нема докази дека оние кои играат насилни видео игри се повеќе склони кон агресивно однесување од нивните врсници .

“Теоријата дека насилните видео игри предизвикуваат реално насилство е доста популарна, но истата не е доволно истражена, ниту пак докажана” вели Професорот Ендру Прзибиски, директор на Оксфордскиот Интернет институт.

Претседателот Трамп повеќе пати сугерираше дека треба да има подобра регулација за насилните видео игри со цел да се намалат штетните последици врз младите од ваквиот тип на видео игри.

Оваа статија е преземена од independent.co.uk

Pin It on Pinterest