Децата уште на две години развиваат проблеми со менталното здравје заради паметните телефони и таблетите, предупредуваат научниците.

Само еден час дневно пред екран е доволно за да се зголеми анксиозноста на децата.

Прекумерното користење на паметните уреди може да ги направи децата помалку љубопитни, помалку способни да ги завршуваат своите задачи, помалку емотивно стабилни и да ја намалат нивната самоконтрола, пренесува DailyMail.

Иако тинејџерите се изложени на најголем ризик од паметните уреди, сепак големи последици ќе чувствуваат и децата под 10-годишна возраст чиј што мозоци се уште се во чувствителна фаза од развојот.

Но, истражувањата покажуваат дека децата „зомби“ поминуваат скоро пет часа секој ден пред електронските уреди. Истражувачите од Универзитетите во Сан Диего и Џорџија сметаат дека времето кое децата го поминуваат пред паметните уреди треба сериозно да се сфати и дека истото може да биде причина за проблеми со менталното здравје кај децата.

Родителите и наставниците мораат да изнајдат стратегии како да ги оттргнат децата од пред своите паметните уреди, особено додека учат, се дружат, јадат или играат некаков спорт.

Професорката Твенџ од Американската академија за педијатрија утврдила дека максималното време кое децата  на возраст од една до пет години треба да го поминат пред екран е само еден час. Исто така таа  сугерира слична граница, односно максимално  два часа пред екран за децата над пет годишна возраст.

Истражувачите спровеле истражување со родители на повеќе од 40.000 американски деца на возраст од две до 17 години. Прашалникот се состоел од прашања какви било емоционални, развојни или проблеми со однесувањето на децата и нивното време поминато пред екран на дневна основа. Адолесцентите кои поминуваат повеќе од седум часа на ден на екраните, двојно е веројатно дека биле дијагностицирани со вознемиреност или депресија отколку кај оние што минале еден час. Врските помеѓу времето на екранот и благосостојбата се посилни кај адолесцентите отколку малите деца, се наведува во студијата. Адолесцентите кои поминуваат повеќе од седум часа на ден пред екран имаат двојно поголеми предиспозиции да бидат дијагностицирани со анксиозност или депресија, за разлика од оние кои не поминуваат повеќе од два часа на ден пред екран, се вели во студијата од истражувањето.

Pin It on Pinterest