Вело родео турнеја на Школка во Градски парк на 21-ви Септември
Настан: Вело родео турнеја
Локација: Градски парк, Скопје (Школка)
Датум: 21.09.2019
Почеток: 11:30 часот
Традиционално, од 16-22 септември се одржува Европската недела на мобилност.
Почнувајќи од 2002 година во овој период се врти вниманието на јавноста во обидот на подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт. Кампањата нуди можност на сите засегнати страни да се вклучат со практични решенија за справување со секојдневните урбани предизвици.
Оваа година, 2118 градови од над 50 држави низ Европа се приклучуваат кон активно одбележување на оваа недела, која се одржува под мотото: „Пешачи со нас“.
Здружението на граѓани- „Еко логик“ почнувајќи од 16, па се со 22 септември ќе организира Вело родео турнеја и тоа во следните градови:
– 16.09 Koчани, 11:30-13:30 часот
– 17.09 Делчево, 12:00-14:00 часот
– 18.09 Неготино, 12:00-14:00 часот
– 19.09 Велес, 11:00-13:00 часот
– 21.09 Скопје, 11:00-14:00 часот
Централниот настан во Скопје, ќе биде исполнет со следните активности:
- – Вело полигон (бавна трка, баланс, безбедност, вештини, сигнализација, контрола, тргнување итн.)
- – Вело меморија
- – Не лути се човече
- – Еко квиз
- – Сложувалка
- – Работилница за поправка на велосипед
- – Креативна работилница
- – Други изненадување за најмладите.
Настанот е од отворен карактер и право на учество имаат сите ученици кои имаат желба да возат велосипед, како и активно и едукативно забавуваат. На тој начин, учениците ќе ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед.
(Секако присуство и од возрасните е од исклучителна важност)
Во сите градови, каде ќе биде реализирана Вело родео турнејата, ќе биде присутен и штанд– „Чисто како дома исто“, кампања на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија.
“Еко Логик” не очекуваат во голем број за сите заедно да го дадеме нашиот мал придонес во подобрување на животната средина.
Вело Родео е дел од проектот „Вело Училишта“, проект поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка.
Настаните Вело Родео имаат за цел развивање на вештините и способностите за безбедно возење велосипед.
Вело Родео како дел од Вело Училишта е поддржан од Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија.
*За повеќе информаци за одбележување на Европската недела на мобилност 2019, на следниот линк: http://www.mobilityweek.eu/