“Check in: Пред зграда” 50-тата изведба

Настан: Детска театарска претстава “Check in: Пред зграда”
Локација: Кино Фросина МКЦ
Датум: 27 мај 2019 година
Почеток: 19:00 часот

Булфрогс Продукција и Здружението за уметнички и едукативни вредности Дрим Фактори, со задоволство Ве покануваат на 50тата изведба на театарската детска претстава “Check in: Пред зграда”, која ќе биде изведена на 27 Мај 2019 година во 19:00 часот, во Кино Фросина, Младински Културен Центар.

Оваа детска претстава ја разработува темата за модернизацијата, технологијата, интернетот и социјалните мрежи се неизбежна алка од времето во кое живееме.

Несомнено зависноста од технологија, интернет и социјални мрежи кај младите е на високо ниво, а нивната заинтересираност за игри со другарите пред зграда, физичка активност и квалитетно поминато време без технологија е сè помала. Со оваа проблематика се занимава претставата „Check in: Пред Зграда” која има за цел преку разни ситуации, на близок и разбирлив јазик за деца и млади, да го согледаат влијанието од постојано користење на социјални мрежи и да се поттикне развивање на социјална интелигенција, препознавање на лошите ефекти од постојаното користење на технологија, запознавање со детски игри и посветување на вистинските животни вредности.

Претставата е во продукција на Александра Никифоровски – Булфрогс Продукција, во соработка со Здружението за уметнички и едукативни вредности – Дрим Фактори,  режијата е колективна, а во неа играат Мики Анчевски, Марија Ѓорѓијовска, Емра Куртишова и Бојан Лазаров.

Како дел од настанот во фоајето ќе биде поставена изложба на цртежи, инспирирани од претставата, а нацртани од деца кои имаа можност да ја проследат претставата.

 

Повеќе информации за “Check in: Пред зграда” може да добиете тука

Pin It on Pinterest