Еден од најмоќните луѓе во светот на шоубизнисот три години нема мобилен телефон

Оваа статија е преземена од порталот slobodenpecat.mk
Сајмон Коел во едно неодамнешно обраќање ги изненади своите обожаватели со тоа што призна дека веќе три години нема мобилен телефон.

Сајмон кој важи за најстрог судија во британското и во американското шоу за наоѓање суперталенти, раскажа која била причината толку долго време да одбива да ги користи трендовите да се има модерен мобилен телефон, со кој ќе комуницира со семејството и со обожавателите.

  • Едно утро се разбудив од спиење и видов дека на телефонот имам 52 нови непрочитани пораки. Си помислив дека ако одговорам на секоја од нив поединечно, тоа ќе значи дека ќе добијам исто толку повратни пораки. Затоа, единствено што направив е го исклучив телефонот и еве веќе три години не сум го вклучил – раскажува Сајмон.

Тој вели дека оттогаш па до сега живее многу помирно.

  • Сфатив дека мобилниот телефон ме спречува да работам и да живеам онака како што навистина сакам – додал тој.

Pin It on Pinterest