Како завршил експериментот во кој тинејџери биле без телефон и интернет 8 часа?

Честопати слушаме дека на денешните деца им треба премногу анимирање, што како резултат ја има нивната неспособност да се позанимаваат со својата внатрешна состојба.

За да ја докаже оваа теза, руски психолог осмислил необичен експеримент во кој учествувале деца на возраст меѓу 12 и 18 години.

На тинејџерите им било понудено доброволно да бидат 8 часа со себе, без мобилни телефони, интернет, радио и телевизија.

Им било дозволено да пишуваат, читаат, да свират музички инструменти, да цртаат, да се занимаваат со рачна работа, да пеат, да шетаат итн.

Авторот на експериментот, кој е семеен психолог, сакал да ја тестира хипотезата дека нашите деца се премногу анимирани, па затоа не знаат како да се однесуваат кога се оставени сами.

Според правилата на експериментот, децата требало да дојдат кај неа следниот ден и да ѝ ги кажат своите впечатоци за времето поминато во самотија. За време на експериментот, им било дозволено да ги запишат своите чувства, додека психологот можел да го прекине експериментот доколку забележе дека детето е напнато,дека му е непријатно или се чувствува анксиозно.

Психологот верувал дека експериментот е безбеден и безопасен, но никој не очекувал вакви шокантни резултати. Од 68 учесници, само три лица: две девојчиња и едно момче, го завршиле експериментот.

  • Тројца имале самоубиствени мисли.
  • Пет искусиле акутни „напади на паника“.
  • Учесниците имале гадење, потење, вртоглавица, топли бранови, болки во стомакот, чувство на „движење“ на влакната на главата, итн.
  • Речиси сите имале чувство на страв и вознемиреност.

Сето ова се случило за само два до три часа откако започнал експериментот. Десет лица го прекинале експериментот после 3 часа или повеќе, другите се откажале во првите два часа.

Девојчето кое го „преживеало“ експериментот до крај, ја запишало својата состојба и кога психологот ги прочитал нејзините белешки, се наежил од непријатност.

Од етички причини, овие белешки никогаш не биле објавени.

Кога се откажале од експериментот, 14 тинејџери веднаш ги провериле социјалните мрежи, 20 им се јавиле на пријателите од мобилен телефон, тројца се јавиле кај родителите, петмина отишле кај пријатели. Другите го вклучиле телевизорот или едноставно гледале нешто на Интернет.

Покрај тоа, речиси сите вклучиле музика речиси веднаш или ги ставиле слушалките на уши.

Сите стравови и симптоми исчезнале веднаш по завршувањето на експериментот.

Фото: Pixabey

Оваа статија е преземена од порталот majkaidete.mk

Pin It on Pinterest