За оние кои се дома со своите деца – Предлог игри и активности
Деновиве се препорачува да останете во вашите домови како би го спречиле ширењето на корона вирусот. Да не бидеме себични и да покажеме дека сме совесни.
Доколку ви требаат идеи и предлози како да го поминувате времето со децата, а во исто време да се забавувате ви даваме неколку предлози:
1. Деновиве времето ќе биде сончево и топло. Средувајте ја заедно терасата и подгответе ја за пролетната сезона.
Пребришете ги столчињата и масичката заедно, потсредете ги постоечките цвеќиња.
2. Подготвувајте оброци заедно. Направете заедно палачинки или пита. Вклучете ги децата во целиот процес. Ќе се забавувате и ќе уживате во подготовката.
Оваа активност им е забавна и на најмалите дечиња од после 1 годинка.
3. Соберете ги сите сложувалки кои ги имате и направете си натпревар во сложување.
4. Направете замок или куќичка во домот. Користете перници, столчиња, ќебиња, кутии. Импровизирајте и потоа имајте активности во куќичката.
5. Читајте приказни заедно, бојте, цртајте, изработувајте предмети од хартија. Научете да правите оригами.
6. Игри со вода. Наполнете ја кадата и уживајте во долго бањање. Или наполнете леген со вода, бањајте ги играчките, прскајте се, уживајте во играта, а потоа и во бришењето на домот заедно.
7. Играјте криенка. Кријте се на најскришните места во домот.
8. Играјте сокриено богатство. Сокријте работи кои детето ги сака и давајте му насоки каде треба да ги бара. Помогнете му во барањето.
9. На најмалите, направете им сами игра со цевки – искористете стара кутија од чевли, направете дупчиња и дајте им предизвик да ги наредат цевките во дупчињата.
10. Правете фигури од пластелин.
Доколку немате пластелин, може да си направите сами дома.
Рецепт за пластелин кој не се пече:
Потребно е:
- 1 шолја ладна вода
- 1 шолја сол
- 2 лажици билно масло
- Темпера или прехрамбена боја
- 3 шолји брашно
- 2 лажици густин
Подготовка
Во сад помешајте ги водата, солта, маслото и поголема количина на темпера или прехрамбена боја, а потоа постепено додавајте ги брашното и густинот додека смесата не биде доволно густа како тесто за леб. Чувајте го во сад херметични затворен.
11. Вежбајте заедно. Гледајте јога онлајн и вежбајте заедно или танцувајте.
12. Маскирајте се. Изработувајте маски и играјте маскенбал во домот.
Уште неколку идеи и предлози во видеата:
Едукативни игри за деца: