Бесплатна онлајн забава и за најмалитe

Почитувани родители,

Полека, но сигурно навлеговме во летните жештини, а децата само ни ја предочат леснотијата на живеењето.
Ве покануваме на последната работилница за ова лето.

Ќе продолжиме да играме и одржуваме одлично расположение. Во среда уште една онлајн работилница за најмалите кои покажаа голема фокусираност и насоченост во досегашните дружења.
Ве покануваме да учествувате во последната он лајн работилница и да споделиме една заедничка игра. Да го искористиме нивниот омилен медиум, мобилниот, и да направиме едно интерактивно време на интернет.

Ајде да направиме, заедно, барем дел од тоа време да биде интерактивно, детето да учествува и дејствува наместо да биде пасивен примач на пласираното на интернет.

Активностите ќе бидат насочени на раниот детски развој и ќе им овозможат на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот внатрешен развоен ритам.

Ќе направиме комбинација од игра, забава, вежби за фината моторика и ќе го поттикнуваме асоцијативното учење и најмногу од се ќе се обидеме да предизвикаме задоволство кај децата кое понатаму ќе продолжи во креативна самостојна игра.

Учеството е бесплатно!

НАПОМЕНА! Работилниците се независни една од друга, и можете да ни се приклучите иако немате учествувано предходно.
Пријавувањето е на следниот линк и е задолжително

https://bit.ly/on_line_rabotilnici

На меил ќе добиете линк за да можете да се приклучите на работилницата.
Дружењето ќе биде наменето за деца од 4 до 7 години, и за секој кој мисли дека ова ќе биде добро поминато време.
Поддршка за рализација на проектот имаме од Детскиот креативен центар и од Град Скопје.

Играта ќе ја водат Александра Гилевска и Ирена Жунгулова (гешталт психотерапевт), психолози кои љубовта за работа со деца ја надоградија со специјализирани семинари и обуки за работа со деца, а праксата ја обавуваат секојдневно.

П.С. Она што е добро, и во живо и он лајн, може да ја предизвика насмевката.

Pin It on Pinterest