Современата технологија штетна за децата

Проблеми со вербална комуникација, изолација и самоограничување, разни физички и психолошки проблеми, се само дел од многуте нарушувања кои се резултат на прекумерното задржување на децата со модерните технолошки алатки. Психолозите сметаат дека е потребно поголемо внимание од родителите.

„Родителите да бидат внимателни што гледа детето, поради тоа доаѓа до недостиг на развој и вербална комуникација. Имаме проблеми со појава на пелтечење кај децата, појава на разни проблеми на комуникација, оштетување на очите, дебелење, итн. Иако имаме пораст на технологијата, имаме застој кај децата кои имаат проблеми со пишувањето… На компјутер можат да пишуваат но рачно, не“, рече Земријет Бела Весели, Психолог.

Според психологот Бела-Весели децата многу често можат и да ги злоупотребат таквите технолошки средства. Родителите велат дека се свесни оти седењето покрај мобилен телефон е штетно, но и неизбежно од страна на децата.

„Не, не треба да стојат цел ден на телефон. Би било многу подобро да излезат да играат во парковите и разни работи. Добро е родителите да се загрижат за оваа работа, па да не ги остават децата многу бидејќи ги расипуваат очите, го оштетуваат срцето, и ред други работи“, велат родителите.

Психолозите велат дека според последните студии, децата од 2 до 8 години, можат да поминуваат помалку од половина час, оние од 8 до 1 само половина час, а малолетниците од 14 до 18 часот, 1-2 часа дневно, во зависност од обврските.

Оваа статија е преземена од веб порталот на Алсат М

Pin It on Pinterest