“Селфито” официјално е признаено за психичко нарушување

Американската асоцијација на психијатрии официјално потврди дека константното правење на фотографии од себе ( т. н. Селфи) е психичко нарушување.

Ваквото нарушување се нарекува селфитис и се дефинира како опсесивно- компулсивна потреба да се прават селфи фотографии и истите да се ставаат  на социјалните медиуми како начин за компензација на недостатокот од самодоверба и задоволување на потребата да им се допадне на другите.

1)            Рана фаза на селфитис: се фотографирате себе си најмалку три пати на ден, но фотографиите не ги објавувате на социјалните мрежи

2)            Остар селфитис: се фотографирате себе си најмалку три пати на ден и сите фотографии ги објавувате на социјалните мрежи

3)            Хроничен селфитис: неконтролирана желба да се фотографирате деноноќно и да ги објавувате сите направени фотографии на социјалните мрежи повеќе од шест пати на ден

Исто така, пред извесно време, експертите изјавија  дека со објавувањето на  селфи фотографии додека вежбате фитнес или додека трчате, се демонстрира присуство на сериозно психичко заболување – нарцизам.

Pin It on Pinterest