Flipd – апликација за намалување на зависноста од мобилниот телефон

За да се ослободите привремено од проверката на вашите известувања и слични нешта, постојат апликации што ќе ви помогнат во тоа. Смартфоните се веќе длабоко навлезени во нашите животи и секојдневието, поради што би било многу тешко за да ги тргнеме настрана.

Google пред определено време ја лансираше својата апликација “Focus mode”,   целта на оваа апликација е токму намалување на зависноста од мобилните телефони и постојаното скролање на истите.

Но покрај “Focus mode” постои и апликацијата наречена “Flipd” која што ја има истата намена односно намалување на зависноста од паметните телефони. Апликацијата може да ви помогне да ја редуцирате употребата на вашиот смартфон во моментот кога сте со вашето семејство. Со апликацијата може да исклучите одредени апликации со што нема да ви стигнуваат никакви известувања од нив додека сакате да бидете со вашите деца и вашите најмили. Бесплатната верзија на “Flipd” ви овозможува да ги блокирате апликациите  за половина час најмногу одеднаш. Ако сакате целосна блокада додека не ја вратите во нормала, тогаш треба да доплатите.

“Flipd” е достапна за сите андроид корисници преку Google Play Store.

На видеото може да погледнете како изгледа и како се користи апликацијата.

Pin It on Pinterest