Вело Родео во Скопје

Настан: Вело родео турнеја
Локација:  Градски парк, Скопје (Школка)
Датум:  20.09.2020
Почеток: 11:00 часот

👉 Со нетрпение го очекуваме и третиот настан на Вело Турнејата, овој пат во Скопје! Минатата година си поминавме прекрасно, со многу дечиња и родители кои уживаа во прекрасното време и забавните активности кои ги имавме планирано!
Ве покануваме на 20ти Септември, повторно да уживате во неделното пладне, на Школка во Градскиот Парк, од 11:00 до 14:00 часот – сончево време, велосипеди, друштвени игри и креативно изразување.

📌🚴 Очекувајте да биде навистина забавно! Секако тематиката е велосипедизам и се поврзано со велосипеди и возење – многу видови на вежби за вело-вештини каде децата ќе имаат прилика да вежбаат баланс, бавно возење, качување и симнување како дел од одредени вежби, и испробување и на нов полигон! Секако, следуваат уште изненадувања и вежби на самата локација.

🎲 Ќе има за секого по нешто, и ќе имате голем избор дури и за друштвените игри! На пример мега-големина Вело Меморија, потоа забавното Еко Не лути се човече, како и интересниот Твистер, но и друго секако…

🖌Да не заборавиме, на овој настан имаме и Патувачка Изложба, со минатогодишните цртежи од ликовниот конкурс на тема велосипедизам и животна средина, многу инспиративни идеи кои ќе бидат прикажани на околу самиот терен на настанот!

🎨 Освен Патувачката Изложба, нема ограничувања за креативното творење, па повторно ќе имаме ликовно-креативна работилница каде најмладите ќе можат да прават печати, да креираат оптички играчки, да работат со колаж, да цртаат и сликаат, како и да моделираат фигури, и многу повеќе! Креативното изразување на темите екологија, животна средина и велосипедизам може да биде навистина забавно!

Се гледаме на третата дестинација, на убаво време, и во нашиот Градски Парк во Скопје! 🚲

Pin It on Pinterest