Поради мобилните телефони се помалце сме ефективни на работното место

Паметните телефони за повеќе од една деценија навлегоа во сите области од животот, па и на работното место.

Нејасна е границата помеѓу приватниот и професионалниот живот. Не само затоа што шефовите понекогаш испраќаат е-пошта и пораки по работното време, туку и затоа што вработените поминуваат премногу време на мобилен телефон во текот на работното време.

– Тоа доведува до пониска продуктивност. Поради постојаните прекини, значително се намали ефективното работно време – вели Кристијан Монтаг, кој го истражува ова прашање на Универзитетот во Улм, Германија.

Луѓето поминуваат околу два и пол часа дневно на своите паметни телефони.
mobilen

– Поголемиот дел од времето се на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и другите социјални мрежи – вели Монтаг.

Ги води стравот дека нешто ќе пропуштат. За да ја спречат појавата на тој страв, може да се постават временски ограничувања за употреба на паметниот телефон во канцеларијата.

Габриел Тис, советничка за управување со работата, препорачува приватните е-пораки и пораките да се проверуваат само во одредено време од денот, на пример, наутро или попладне.

Треба веднаш да одговорите само на тие пораки што се итни, вели Тис.

Се препорачува и исклучување на известувањата на мобилните телефони додека сте на работа. Најдобро е мобилниот да е во вашиот џеб и доколку можете, да го исклучите.

– Луѓето со кои работно комуницирате може да ги замолите да комуницирате преку работната линија или е-пошта – вели Тис и додава дека ни вработените не треба да испраќаат пораки додека се на работа, а семејствата и пријателите треба да ги контактираат само ако е итно.

 

Pin It on Pinterest