За детето да не ви биде зависно од интернет, применете го правилото 3-6-9-12

Многумина ќе се согласат дека денешните деца се сè позависни од интернет, па често може да се прочита дека сè почести се и клиниките за лекување од зависноста од интернет.

Експертите од сите земји ги здружуваат напорите да ги зачуваат новите генерации, но магична формула сè уште не е откриена. Сепак, австралискиот кралски колеџ за педијатрија предлага интересно решение.

Експертите од оваа институција сметаат дека децата не би требало да се запознаат со уредите за интернет пред третата година. Дури и после тој период треба да постои ограничување од најмногу еден час дневно.

Всушност, тие го предлагаат правилото 3-6-9-12 како образец за здрава употреба на современите форми на комуникации.

Правилото вели:

Нема користење компјутер и телефон до 3 години.
Без интернет до 6 години.
Забрането е да се играат игри до 9 години.
Да не се дозволува отворање профили на социјалните мрежи пред 12 години.

Оваа статија е преземена од порталот deca.mk

Pin It on Pinterest