“После Часови” – саем за воннаставни активности

Настан: “После Часови” – саем за воннаставни активности
Локација: Школка Градски Парк
Датум: 14 Септември 2019 година
Почеток: 10:00 часот

Септември е месецот на нови почетоци, а најдрагиот почеток е исполнет со силен детски џагор, стартот на новата учебна година и настанот кој на едно место ги собира сите неформални активности и програми за деца и млади. 😊

И овој септември Градскиот Парк ќе биде разигран со многу насмевки и возбудени детски лица на второто издание на После Часови ✏️ – единствениот саем за воннаставни активности за деца и млади кај нас.

Ве очекуваат два дена исполнети со разни забавни, активни и практични активности! Овој интерактивен настан ќе опфати голем број на области кои вашето дете ги посетува по завршување на училишните обврски – од уметност, спорт, музика, танц, ликовна уметност, пеење, едукативни центри и програми, изучување на странски јазици, училишен прибор и реквизити.⚽ 📖🎺

Секое дете ќе ја има уникатната можност да го искуси и доживее сѐ она што го нудат најдобрите едукативни  центри, организации, музички и уметнички студија и спортски клубови кај нас, а родителите ќе имаат можност од прва рака и на едно место да ги дознаат сите информации кои се поврзани со воннаставните активности на нивните деца.

За да дознаете повеќе информации за саемот следете ги социјалните медиуми на После Часови !

Настанот е отворен и бесплатен за сите. Останува само да бидете во Градскиот Парк и на своето дете да му овозможите да го разбуди својот внатрешен мал гениј…

Се гледаме! 😊

Pin It on Pinterest