Посебни патеки во Манчестер за пешаците кои се загледани во телефоните

Сè почеста слика низ градските улици се пешаци кои се загледни во своите телефони кои одат пребавно и не обрнуваат многу внимание на нештата и луѓето околу нив. Креативното решение за како ваквата група на луѓе да се вклопи во градскиот метеж доаѓа од Англија.

Всушност, станува збор за пределот Спинингфилд во англискиот град Манчестер кој е преполн со ресторани , барови, пешачки зони и луѓе кои го забавуваат целото движење на пешаците со тоа што постојано гледаат во своите телефони.

Бидејќи ова стана поголем проблем за луѓето кои не спаѓаат во оваа група, меѓутоа мораат да го забават своето движење бидејќи пред нив има човек кој мора да ги прочита сите постови кои ги пропуштил утринава на социјалните мрежи.

Токму затоа низ целиот предел беа поставени овие двонасочни пешачки ленти каде корисниците на мобилните телефони слободно можат да се движат без да пречат никому.

Проектот е промотивна активност на новата телефонска компанија АО Мобил.

Компанијата преку неколку неодамнешни истражувања забележала дека кај голем дел од популацијата користењето на мобилен телефон додека пешачат станува секојдневен и сериозен проблем.

Истражувањата, исто така, посочуваат дека граѓаните ја прифаќаат со отврени раце идејата властите да преземат одредени мерки за овој проблем.

„Мора да бидеме реални и одговорни кога станува збор за различните начини како се менува нашето општество.“, изјави портпаролот на АО Мобил, Ричард Баксендејл. „Нашето истражување откри дека Британците се зависни од технологијата дури и кога одат, дотаму што станува проблем што луѓето сакаат да се реши што поскоро.

Според нив, оваа пробна „бавна“ лента е важен прв чекор што може во иднина да биде усвоен и од другите градови.

Засега нема официјален одговор од градските власти дали овие ленти ќе останат засекогаш во пешачката зона и дали ќе бидат законски имплементирани.

Во Чонгкинг, Кина вакви ленти постојат уште од 2014 година. Тие се поставени од власта и се законски регулирани.

Ова е првпат вакво нешто да се најде надвор од Кина.

Оваа статија е преземена од порталот Радио Моф

Pin It on Pinterest