Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава

Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската Унија на 24 април 2020 г. (петок), 11.30-13 ч. организираат онлајн дебата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“. Ова е завршен настан oд средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/на“ со кој се одбележува Европската недела на медиумска писменост 2020.

Тема: Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн образование

Воведно излагање – д-р Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
Дигиталните вештини – приоритет во визијата за дигитализирана Европа – Н.Е. Семуел Жбогар, амбасадор на Делегацијата на Европската Унија во Р. Северна Македонија
Што научив од „Биди медиумски активен/на“? – Димитар Решков, ученик од гимназијата „Богданци“ Богданци
Што научија наставниците од „Биди медиумски активен“? – Мевлуде Керими, професорка во гимназијата „Исмет Јашари“ – Липково
Што научија новинарите од “Биди медиумски активен/на“? – Пелагија Младеновска, новинарка во Радио Слободна Европа и менторка на тимот од гимназијата „САБА“ Скопје
Дигиталните вештини, неизоставен дел од медиумската писменост – Арбер Адеми, министер за образование и наука на Р. Северна Македонија
Адаптација на наставата во вонредни услови: искуства на наставниците и учениците – Ана Марија Наумовска, ученичка во гимназијата „Ј. Б. Тито“ Битола
Модератор: Ана Зафирова

Пријавете се за учество најдоцна до 23 април на следниот линк:
https://medium.edu.mk/vesti-info/922-onlajn-debata-digitalnata-pismenost-neophodni-veshtini-za-onlajn-nastava

Дебатата ќе биде онлајн, на платформата Adobe Connect.

Дискусијата ќе биде на македонски и на англиски јазик.

Pin It on Pinterest