Кога на детето му давате паметен телефон во рака е речиси исто како да му дадете “грам кокаин”

Паметните телефони во последните неколку години буквално го запоседнаа светот, и постанаа составен дел од животот како на секој човек така речиси и на секое дете,

Научниците и лекарите дошле до поразителни сознанија дека паметните телефони освен што драстично го менуваат светот и општеството, погубно делуваат врз децата и тоа на начин на кој што никој не очекува. Тие тврдат дека кога им го давате телефонот на децата во раце е речиси исто како да сте им дале грам кокаин. Силно тврдат дека мобилните телефони создаваат иста зависност како што тоа го прави дрогата или алкохолот. Иако телефоните ви даваат можност да бидете постојано поврзани со вашите деца, исто така може да предизвика и многу штетни последици, пишува Stopautismvirtual.ro

Врвната експертка за болестите кои создаваат зависност Салигари во 2017 година  сугерирала дека моментот кога на детето му го давате паметниот телефон во рака е исто како “да му давате грам кокаин”

Салигари вели дека времето кое се поминува пред екраните на паметните телефони често се занемарува како потенцијално средство кое предизвикува зависност кај младите и сметка дека под  итно е потребно да се преземат превентивни мерки.

Таа нагласува дека родителите се потешко успеваат да воспостават контрола врз употребата на мобилните телефони од страна на децата. Истражувањата покажуваат дека 4 од 10 родители не успеваат да ги спречат своите деца прекумерно да ги користат своите паметни телефони. По се изгледа дека работите се влошуваат, затоа што и децата под 5 годишна возраст многу вешто ги користат паметните телефони.

“Паметна анестезија” како лек за зависните од технологиите

Салигари тврди дека најдобар начин за спречување и намалување на зависноста од технологиите е воведување на строги правила, како во домот така и во училиштата. Овој програм се вика “паметна анестезија” и во него мобилните се употребуваат само кога истите се навистина потребни.

Со сигурност децата и тинејџерите на почетокот ќе се бунат и ќе поминуваат низ кризни периоди слично како кај сите зависност, но родителите е потребно да останат доследни и никако да не попуштаат при плачењето и молењето од страна на децата. Единствено така можете да го спасите детството на вашиот син или ќерка!

Имајќи ги во предвид податоците дека просечното американско семејство гледа 9 часа дневно телевизија, по се изгледа дека сите ние во одредена мера се соочуваме со зависност од технологијата.

Оваа статија е презмена од порталот  www.novizivot.net

Pin It on Pinterest