Јавна трибина “Современите технологии зависност или корист?”

Почитувани,

Здружението Ајнштајн ја има честа да ве покани на онлајн јавна трибина на тема “Современите технологии зависност или корист?”, која ќе се одржи на 30-ти септември преку платформата ZOOM со почеток во 18.00 часот.
Технлогијата е се поприсутна во нашите животи, а значително е зголемена нејзината употреба од страна на децата по настанувањето на пандемијата на Ковид -19.
Трибината ќе биде посветена на влијанието на технологијата врз детскиот развој со особен фокус на нејзината зголемената употреба од страна на децата за време на пандемијата со која што моментално се соочуваме.
Свои говори на оваа трибина ќе имаат:

👉 Проф. д-р. Ана Фрицханд – Раководител на институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје

Тема: Влијанието на прекумерната употреба на технологиите врз развојот на децата од предучилишна возраст

👉 Д-р. сц. Силвана Филипова логопед – Директорка на Заводот за рехабилитација на слух говор и глас

Тема: Како современите технологии влијаат врз развојот на говорот и слухот кај децата

👉 Проф. д-р. Оливера Рашиќ Цаневска – Институт за специјална едукација и рехабилитација при УКИМ

Тема: Современите технологии и нивното влијание врз психомоторниот развој кај децата

👉 Д-р Наташа Анѓелеска – Доктор по педагошки науки

Тема: Кога технологијата станува проблем и како родителите и училиштата несвесно помагаат во тоа

-👉М-р Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми

Тема: Опасностите од  интернетот и социјалните мрежи врз децата во време на пандемија

⚠️Како да се пријавите?

Учеството на трибината е бесплатно, но сите заинтересирани своето присуство треба да го најават на следниот линк https://forms.gle/qwfQ8p4PcEu1sD446 најдоцна до 29.09.2020 година. По пријавувањето учесниците ќе добијат линк за приклучување кон трибината.

Сите присутни ќе имаат можност да постават прашања и да добијат одговори, но и да ги искажат своите мислења и ставови во однос на влијанието на модерната технологија врз општеството.

Оваа јавна трибина ќе се одржи како дел од проектот “Современите технологии зависност или корист?” реализиран од Здружението “Ајнштајн” кој е дел од проектот “Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести”, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Pin It on Pinterest